Изложбата на домашни и странски автори „Голем формат II” во Музеј на современа уметност

„Голем формат II“ е насловена изложбата oд колекцијата на Музејот на современата уметност Скопје, што од денеска е отворена за љубителите на уметноста, а така ќе остане до почетокот на јуни.

Голем формат II е изложба на дела од колекцијата, од македонски и странски автори, која се однесува на односот на уметничкото дело во релација со архитектонскиот простор и набљудувачот. Ќе бидат претставени трудови од 9 автори во голем формат (слики, инсталации и скулптури) кои ги селектираше кустосот Благоја Варошанец. Во еден дел од галеријата ќе бидат изложени и дела од Могенс Андерсен, Елизабета Аврамовска, Жанета Вангели, Бернхард Гарберт, Рене Дивије, Исмет Рамиќевиќ, Петар Хаџи Бошков, Анџело Титонел и Симон Шемов.

-Форматот се однесува на големината на објектот во однос на друг објект, и не ретко може да биде еден од принципите на организација на визуелните и структурните елементи во уметноста. Форматот во уметноста не се однесува само на големината на уметничкото дело, туку е релационен принцип за односот кон предметите или односот кон човечкото тело. Релациската естетика стои во основата на уметничко дело, а корпореалноста или просторната компонента може да се сметаат како мерки кои го дефинираат или се во сооднос со големината или перцепцијата на делото, вели Варошанец.

Претходна вестЗошто Шилегов молчи за обвинувањата дека субвенции за инвертер клими се делеле по партиски клуч?
Следна вестСончево со температура до 28 степени