Македонскиот дрес стана дел од светската кампања „Фудбал за мир“

Црвено – жолтиот“ дрес на македонската фудбалска репрезентација е вклучен во светската кампања „Фудбал за мир“ со поддршка на Обединетите нации.

Македонскиот дрес, заедно со дресовите на над 80 фудбалски репрезентации од целиот свет, е изложен на „Ванда Метрополитано“ стадионот на кој своите натпревари ги игра шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид.

Изложбата на мадридскиот стадион е дел од кампањата на дипломатските претставништва, меѓу нив и на македонската Амбасада во Шпанија, за промоција на фудбалот како механизам за градење мир и благосостојба меѓу земјите, но и како средство за пријателство меѓу народите во светот, соопшти денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Претходна вестГраѓаните ќе може да се пожалат на услугите од јавната администрација и преку интернет – но дали ќе биде ефикасно?
Следна вестДвајца македонски полицајци фатени со дрога на границата помеѓу Албанија и Црна Гора