Откако го прена пехарот во Купот на Словенија, македонскиот одбојкарски репрезентативец Никола Ѓоргиев се закити со уште една титула оваа сезона.
Во Централно-европската МЕВЗА лига, во која сезонава учествуваа екипи од четири земји (Словенија, Хрватска, Словачка, Австрија), до трофејот дојде составот на АЦХ Волеј Љубљана кој во финалето со 3:1 во сетови го совлада Калцит Камник (Словенија) со 23:25, 25:18, 25:22 и 25:23.
АЦХ Волеј Љубљана по 13 пат е победник на Централно-европската Мевза лига.
Повторно блескаше нашиот одбојкар Ѓоргиев кој во финалниот меч беше најефикасен во победничките редови со 24 поени, сите од напад.
На спротивната страна како најефикасен се истакна Луис Томас Соса Сиера со 25 поени (24 напад, еден ас).
Сега фокусот на АЦХ Волеј Љубљана ќе биде домашното првенство каде што целта е јасна, да се освои шампионската титула.