Македонскиот репрезентативец Јакимовски одлично ја започна новата сезона во НЦАА лигата

Репрезентативецот на Македонија, Андреј Јакимовски, со победа ја почна новата сезона во НЦАА-лигата откако неговиот Вашингтон стејт славеше против Ајдахо со 84:55. Јакимовски истакна дека се чувствува здрав и подготвен за нивата сезона.

– Конечно сум целосно здрав, имав цело лето за да оздравам и за да го подготвам телото за новата сезона. Три години се мачев со повреди, се надевам дека е минато тоа и дека ќе биде многу подобро. Задоволен сум од мојата ангажираност, но и од тоа како ми помагаа соиграчите, топката често беше кај мене и добро е што го искористив тоа за доброто на тимот. Мојата најголема цел е да ѝ помогнам на екипата да победува, истакна Јакимовски.

Натпреварот Јакимовски го заврши со 21 поен, четири скока и две асистенции.

За Јакимовски ова е четврта сезона во НЦАА лигата и тимот од него има големи очекувања, а одличниот меч задоволство истакна и самиот Јакимовски.

Претходна вестИталија ќе забрани производство на вештачко месо, доста ни е од оваа зелена глупост
Следна вестСтудентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ барат враќање на стариот „студентски оброк“