Македонските девојки ги декласираа САД на стартот на Мундијалот во Скопје

Македонската женска ракометна репрезентација со триумф вечерва над САД од 32-15 го почна настап на Светското првенство за ракометарки до 20 години кое денеска стартуваше во Скопје.

Македонските ракометарки заминаа на полувреме со предност од 15-6, а во вториот дел им дозволија на противничките да постигнат само три голови и со убедлива победа да го отворат мундијалскиот турнир.

Следен противник на македонските јуниорки е Исланд, утревечер од 18 часот, а во последното коло ќе играат против Ангола.

Ракометната федерација на Македонија од денеска до 30 јуни ќе домаќин на 24 Светското јуниорско првество во женска конкуренција на кое учествуваат 32 репрезентации.

Претходна вестСончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец
Следна вестГори предградие на Атина, наредена итна евакуација