Во текот на вчерашниот ден граѓаните кои имаат генерирано ЕУ-дигитален сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk добиваа пораки дека тој е повлечен од технички причини и дека треба да генерираат нов. Од Министерството за здравство денеска појаснуваат дека станува збор за безбедносен протокол за спречување на користење лажни ЕУ-сертификати.
Причината за ваквите пораки е што се поавиле четири лажни ЕУ-сертификати со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека примиле вакцина во С Македонија.
-Во лажните ЕУ-сертификати не беа напишани имиња и податоци на наши државјани. Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната сигурност не е нарушена, а воедно безбедноста на системите е зголемена и активно се следи и подобрува, што придонесува во иднина да се избегне ваков случај, велат од Министерството за здравство.
Од МЗ велат дека не станува збор Националниот сертификат за вакцинација, туку за ЕУ-сертификатот кој исто така може да се преземе на vakcinacija.mk, како и CommonPass.