Македонските кошаркари ќе играат со Естонија, Чешка и Израел за настап на Олимпијадата

Познати се репрезентациите со кои македонската машка кошаркарска репрезентација ќе се соочи во претквалификациите за пласман на Летните олимписки игри што ќе се одржат следната година во Париз. Македонија на турнирот во Талин во  олимписките претквалификации ќе се натпреварува во А-групата против Чешка, Израел и Естонија..

Согласно со предвидениот план, групите А и Б (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршницата е во полскиот град), а групите Ц и Д во Турција.

Во Б-групата се Португалија, Полска, Унгарија и Босна и Херцеговина, во Ц-групата: Турција, Украина, Бугарија и Исланд, а во групата Д ќе играат Холандија, Хрватска, Белгија и Шведска.

Претквалификациите за Олимписките игри во Париз 2024 ќе се играат од 12 до 20 август оваа година. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во полуфиналето, нашата група ќе вкрсти со Б-групата.
Во квалификациите за Олимписките игри ќе се најде победникот на турнирот.

Претходна вестСкандал: Сопственик на хотел во Халкидики со скриени камери во собите ги снимал гостите
Следна вестСудскиот совет на неодредено ја одложи седницата