Македонските ракометари на мегдан со Алжир во Президент купот

Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија попладнево ги продолжува натпреварите на 28 Светски шампионат. Црвено жолтите по серијата од три порази во групата Ф , мундијалскиот настап го продолжуваат во Президент купот против репрезентациите на Алжир, Мароко и Тунис, во кој ќе разигруваат за пласман од 25 до 32 место на првенството,

Прв противник на нашиот подмладен состав кој разорача со своите игри на средбите со Норвешка, Холандија и Аргентина попладнево од 15 часот и 30 минути е селекцијата на Алжир.

Нашиот национален тим на дуелите со најслабите селекции на Мундијалот ќе има можност да го поправи впечатокот од групната фаза и да докаже и покаже дека Македонија сепак има тим кој би ја продолжил низата настапи на големите натпреварувања.

За најдобрата македонска селекција Светското првенство во Полска и Шведска е 12 големо натпреварување на кое настапува во низа.

Претходна вестДеветмина возачи поминале на црвено, осуммина зборувале на мобилен телефон…
Следна вестВо Швајцарија по 22 часот е забрането пуштање вода во тоалет