Македонските ракометари вечерва против домаќинот Германија

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра вториот меч на ЕП 2024 и тоа против домаќинот Германија (20.30 часот) во „Мерцедес бенц арена“ во Берлин.

Во историјата немаме ниту една победа против Германците. Во вкупно пет одмерувања на силите, Македонија само еднаш ремизира со Германија, на последната пресметка на Европското првенство во Загреб (25-25). На претходните дуели бележевме два убедливи, еден поднослив и еден минимален пораз.

Претходна вестСтојаноски: Милиони се испумпани со фиктивни фактури, раководството на УЈП или знаело и прикривало или целосно го уништило системот
Следна вестПожар во стан во Ново Лисиче, интервенирале 12 пожарникари