Макрон: Ќе се дели бесплатни кондоми за младите во Франција

Младите во Франција ќе добиваат бесплатни кондоми. Имено, францускиот претседател Емануел Макрон за време на територијалната седница на Националниот совет за обнова, посветена на здравството, објави дека пристапот до кондоми ќе биде бесплатен во аптеките за млади на возраст од 18 до 25 години од 1 јануари 2023 година, јавува МИА.

-Во аптеките кондомот ќе биде бесплатен за 18/25 години. Одлуката ќе почне да се применува на 1 јануари и претставува мала превентивна револуција, рече претседателот Макрон за време на седницата на Националниот совет за обнова посветена на здравјето на младите луѓе.

Претходна вестОд денеска приватните превозници ќе протестираат само на „Илинденска“ пред  бараките на Град Скопје
Следна вестПак дојави за бомби, евакуација на учениците во „Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“…