Од денеска приватните превозници ќе протестираат само на „Илинденска“ пред  бараките на Град Скопје

smart

Намалување на сообраќајниот хаос во Скопје се очекува денеска откако приватните превозници вчера решија да се повлечат од две прометни крстосници коишто ги блокираа од понеделник. Од 10 часот тие најавија дека ќе ги повлечат автобусите од крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст, а ќе се блокира само булеварот „Илинден“ пред бараките на Град Скопје. Со паркирани повеќе од 100 автобуси тие во изминативе денови на овие три сообраќајни точки тие бараа исплата на долгот од Град Скопје и ЈСП „Скопје“ од околу 1,5 милион евра. Според нив, просечно долгот изнесува по 6.000 евра за секој од нив за последните месеци

Причина за деблокадите, како што велат, е да се направи поголем притисок на Град Скопје за да им се исплати долгот.

-Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После прес-конференцијата во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот. Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје, изјави вчера Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“.

Од Град Скопје само соопштија дека ќе биде објавен нов јавен повик за приватните автобуски превозниците на линиите со број 20 и 22.

-Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници, се вели во соопштението на Градот при што не се спомнува натамошно решавање на проблемот.

Муриќ вчера потврди дека остануваат на ставот ниту еден превозник да не се јави на јавниот повик од страна на Град Скопје, посочувајќи дека тоа е само обид за разединување и разбивање на единството на приватните превозници.

Власта и опозицијата и вчера излегоа со меѓусебни обвинувања за сообраќајниот хаос предизвикан од блокадите на приватните автобуски превозници.

Претходна вестПендаровски: Ако граѓаните се задоволни ќе размислам и за втор мандат
Следна вестМакрон: Ќе се дели бесплатни кондоми за младите во Франција