„Макстил“: Нашите мерни инструменти покажуваат дека бувачата е многукратно под доволената

Според мерните инструменти на „Макстил“, нема забележани надминувања на дозволените вредности од А интегрираната еколошка дозвола – измерените вредности се многукратно помали од дозволените, соопшти компанијата „Макстил“. Реакцијата доаѓа како одговор на поплаките на граѓаните од ова подрачје за преголема бучава и контролата која деновиве ја извршил Државниот инспекторат за животна средина.

Компанијата тврди дека на инспекторите им биле презентирани мерењата на бучавата согласно А дозволата извршени од страна на надворешна акредитирана лабораторија и било утврдено дека се во рамките на дозволеното.

-Како компанија ги почитуваат сите законски обврски и тврдат дека во секој момент производниот процес работи според А интегрираната еколошка дозвола. Ја поздравуваме професионалноста и ангажираноста на инспекциските служби и ги охрабруваме и понатаму да продолжат со редовни и вонредни контроли и проверки, како би се детектирале вистинските учесници кои придонесуваат во загадувањето на Скопје за истото да се спречи за доброто на сите, се вели во соопштението.

Државниот инспекторат вчера соопшти дека извршено е мерење на бучавата која се прави во погонот на „Макстил“ а на што се жалеа граѓаните. Резултатите ќе биде познати во наредниве денови но при увидот беше потврдено дека бучавата доаѓа од Макстил, поточно од електролачната печка за топење на старо железо. Од страна на Инспекторатот „Макстил“ е задолжен да го води производниот процес на начин кој нема да создава бучава и да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните.

Претходна вестПМФЛ: Ренова го предизвикува фаворитот Шкупи
Следна вестНема крај на прекршоците: 38 лица возеле без возачка дозвола, 25 зборувале на мобилен…