ПМФЛ: Ренова го предизвикува фаворитот Шкупи

Ренова и Шкупи денеска во Тетово го отвараат 17 коло во ПМФЛ, прва средба викендов во најсилната фудбалска кконкуренција.

Шкупи е одличен на табелата со 32 бода, веднаш е зад лидерот Шкендија, додека екипата на Ренова со 15 бода е на 9 место.

На гости Шкупи нема пораз на последните пет меча, Ренова на домашен терен има само една победа на последните 5 средби, последен пат го победи Борец со 1-0.

Шкупи последниот пораз на гости го запиша кон крајот на септември од Струга ТЛ.

Средбата Ренова -Шкупи се игра од 13 часот, утре се играат останатите средби:

Академмија Пандев – Шкендија

Борец- Силекс

Струга ТЛ – Работнички

Вардар – Македонија ЃП.

Претходна вестОсум возачи биле пијани зад воланот во Центар
Следна вест„Макстил“: Нашите мерни инструменти покажуваат дека бувачата е многукратно под доволената