Осум возачи биле пијани зад воланот во Центар

На територијата на општина Центар вчера се изречени вкупно 187 мерки, меѓу кои осум мерки за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР.

-Меѓу изречените санкции 18 се за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила и пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), се наведува во информацијата. 

Од МВР наведуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестВладата и додели на општина Арачиново неповратни 500.000 евра, ќе добие ли јавноста одговор за причините?
Следна вестПМФЛ: Ренова го предизвикува фаворитот Шкупи