Владата и додели на општина Арачиново неповратни 500.000 евра, ќе добие ли јавноста одговор за причините?

Еднократна финансиска поддршка за справување со потешкотиите настани поради Ковид-19 кризата во висина од 500.000 евра доделила Владата на општина Арачиново. Ова било решено на последната владина седница при што во владиното соопштение беше наведено дека оваа неповратна финансиска помош е за справување со потешкотиите во тековното работење. Меѓутоа, детално објаснување за какви се прпблеми се соочила ова општина нема.

Со тоа се отвора прашањето по кои критериуми е определно токму Арачиново да добие толку голема неповратна финансиска помош? Таа не е единствена општина која што има потешкотии во време на кризата со корона вирусот, дури не е ни најпогодена во однос на бројот на заболените лица. Не се наведува ниту за што конкретно ќе бидат наменети парите и кои органи со нив ќе располагаат. На сите овие прашања на кои јавноста чека одговор вчера немаше објаснување од владините служби. 

Претходна вестПроменливо облачно, температура до 10 степени
Следна вестОсум возачи биле пијани зад воланот во Центар