Малолетничка тешко повредена во сообраќајка кај Кале

Малолетничка била тешко повредена во сообраќајна несреќа во близина на скопското Кале, соопшти полицијата.

МВР соопшти дека на 26.03.2024 во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ со ул.„Прохор Пчински“ во Скопје дошло до судар на две патнички возила.

Во сообраќајката помеѓу „Фиат 500“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.С.(35) од Скопје и патничко возило „Шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(76) од Скопје, едно од возилата удрило во малолетничка – пешак од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во информацијата.

Претходна вестЌе се утврдува безбедноста на никотинските вреќички што се употребуваат и меѓу младите во Македонија
Следна вестМицкоски во Стопанска комора на Македонија: Нудиме  остварливи мерки во економијата