Малку облаци, малку ветер и многу сонце

Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Времето во останатиот дел од Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во вторник попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, а во среда попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вестЖители на Центар: Ако градоначалникот не може да се справи со мафијата, нека си поднесе оставка!
Следна вестАпелацискиот суд решава за казните на Боки 13 и Катица Јанева