Нови цени на дел од нафтените деривати. Имено, Регулаторната комисија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на одлуката од 2.1.2024 година.
Од 10.1.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 77,00 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 79,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 72,50 (денара/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денара/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,517 (денар/килограм)
Малопродажните цени на евродизелот (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ не се менува.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,281 денари/кг и сега ќе изнесува 41,517 денар/кг.