Малo намалување на цените на дел од горива

Нови цени на дел од нафтените деривати. Имено, Регулаторната комисија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на одлуката од 2.1.2024 година.

Од 10.1.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 77,00 (денари/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 79,00 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 72,50 (денара/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денара/литар)

„мазут М-1 НС“ – 41,517 (денар/килограм)

Малопродажните цени на евродизелот (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ не се менува.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,281 денари/кг и сега ќе изнесува 41,517 денар/кг.

Претходна вестВладата препорача да се разрешат двајца директори на М-НАВ, предложи и нивни замени
Следна вестПриведено лице барано со потерница