Малолетен велосипедист повреден во сообраќајка

Вчера во Битола се судрија маж со мопед и малолетен велосипедист. Во судирот двајцата се повредени.

– На 18.10.2023 во 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Охридска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.М.(42) од Битола и велосипед кој го управувал малолетник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Претходна вестМалолетничка избегала од домот во Гостивар, пронајдена во Битола кај љубовникот
Следна вестХоландскиот амбасадор Коп: Што правите освен што трупате изговори, зошто не ги исполнивте реформите пред 15 години?!