Малолетничка избегала од домот во Гостивар. Набргу таа била пронајдена во Битола, кај лице со кое била во љубовна врска.
– Триесет и петгодишна гостиварка, вчера, во 10.35 часот, во СВР Тетово пријавила дека од домот се оддалечила ќерка ѝ Л. П. на 15-годишна возраст. Набргу, по преземените мерки, малолетничката била пронајдена во Битола кај лице со кое била во љубовна врска по што им била предадена на родителите, информираат од СВР Тетово.