Малолетничка од Скопје присилена на проституција од 17-годишник

Мајка вчера пријавила дека нејзината ќерка била принудувана на проституција од страна на 17-годишник со кого живеела во вонбрачна заедница.

– На 16.01.2023 во полициска станица е извршен службен разговор со 17-годишник, постапувајќи по пријава на 46-годишна скопјанка, според која нејзината 17-годишна ќерка, која живеела во вонбрачна заедница со 17-годишникот, со закани од него била подведувана и присилувана на проституција, велат од МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПријавен тренер по карате, им покажувал експлицитни фотографии на малолетнички, ги терал да сликаат мало девојче!
Следна вестТемпературите во овој град паднаа до минус 50 Целзиусови