Малолетнички силувани од невенчан сопруг на мајка им

Вчера во 01.50 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Ј.П.(40) од Свети Николе, постапувајќи по пријава од неговата невенчана сопруга, според која тој извршил обљуба врз нејзините две малолетни ќерки.

– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Претходна вестЦентар сама ќе го собира сметот, состојбата е алармантна
Следна вестСончево и топло