Центар сама ќе го собира сметот, состојбата е алармантна

Општина Центар сама ќе го собира отпадот. Градоначалникот Горан Герасимовски посочува дека од ноќеска, хигиеничари излегуваат на терен.

– Обезбедени се 4 камиони за собирање смет и еден камион за подигање контејнери, како и целата механизација на ЈП ‘ПОЦ’ меѓу кои три метларки и цистерна за темелно миење на улиците. Рано наутро речиси сите хигиеничари заедно со цела механизација излегува на терен. Уште еднаш апелирам Град Скопје итно да ги реши проблемите во јавното претпријатие и да започне со чистење на градот. Граѓаните не смее да бидат жртви на лошото управување во градот, ризикот по здравјето на граѓаните е огромен, вели Герасимовски

Според него, состојбата во Центар е алармантна.

Претходна вестMалолетен пешак повреден во сообраќајка
Следна вестМалолетнички силувани од невенчан сопруг на мајка им