Mалолетен пешак повреден во сообраќајка

На 08.07.2023 вo 13.50 часот во Скопје на раскрсница од ул.„Аугуст Цесарец“ со ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје, патничко возило „дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(25) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестИвановски стартуваше со победа на Челинџерот во Јаши
Следна вестЦентар сама ќе го собира сметот, состојбата е алармантна