Ивановски стартуваше со победа на Челинџерот во Јаши

Калин Ивановски стартуваше победнички на Челинџерот во Јаши, каде преку квалификациите се обидува да избори место во главниот дел на турнирот.

Македонскиот тенисер денеска брзо го откажа австралискиот ривал Брендон Вокин, останувајќи на теренот 77 минути, во два одиграни сета.

Ивановски двата сета ги отвори со брејк, со што го најави нивниот исход, а со по уште еден брејк во продолжението ги доби двата сета со резултат 6:2.

Во втората и последна квалификациска рунда, Ивановски за противник ќе го има подобриот од романско-молдавскиот дуел меѓу Томеску и Снитари.

Челинџерот во Јаши, Романија, се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Претходна вестПолициски контроли во повеќе угостителски објекти, изречени казни за познати скопски кафе-барови
Следна вестMалолетен пешак повреден во сообраќајка