Малолетници и маж каснати од кучиња скитници во Чаир, Гази Баба и Центар

Вкупно четири лица вчера биле каснати од бездомни кучиња на подрачјето на три скопски општини.

Вчера во 10:40 часот во Полициската станица Центар, Н.М.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. Ваква пријава во 20:00 часот во Полициската станица Гази Баба, поднел и Д.А.(37) од Скопје кој навел дека во населбата Ќерамидница во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче.

Во истата полициска станица Д.А.(37) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник, а во Полициската станица Чаир, В.П.(63) од Скопје пријавил дека на  ул.„Качанички пат“ во Скопје бил каснат од куче.

Претходна вестПрофесорката Силјановска војува против историјата
Следна вестКабинет на Пендаровски со одговор до Софија: Македонското малцинство во Бугарија е факт