Малолетници краделе од возила по Аеродром, полицијата ги приведе

Двајца 18-годишници и двајца малолетници се лишени од слобода под сомнение дека украле патничко возило „југо“ и изршиле тешки кражби на повеќе возила на подрачјето на општина Аеродром, информира полицијата.

МВР наведува дека еден од престапниците е од Кавадарци, а другите тројца се скопјани.

-Денеска (12.04.2024) во 06.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, Т.И.(18) од Скопје и двајца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека претходно одзеле патничко возило „југо” и извршиле „тешки кражби” во повеќе возила на подрачјето на општина Аеродром, при што одзеле повеќе предмети. Возилото и одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

 

Претходна вестСтотици деца питачат по улиците, проблемот е далеку од решен
Следна вестСончево и топло со мала до умерена облачност