Малолетници повредени со нож во Драчево

Двајца малолетници се повредени со нож по нападот врз нив од страна на две лица, соопшти полиција.
МВР информира дека денеска (08.04.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 07.45 часот во Драчево, Скопје, двајца 17-годишни малолетници од с. Долно Количани биле нападнати со остар предмет од Н.С., Б.А. и С.Н. од с. Горно Количани.

-Според пријавеното, двајцата малолетници се здобиле со повреди и се пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, се наведува во информацијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Претходна вестСо „БМВ“ удрил во бетонски столб, тешко повреден скопјанец
Следна вестТрошоците за живот во март повисоки за четири отсто во однос на истиот месец лани