Со „БМВ“ удрил во бетонски столб, тешко повреден скопјанец

Четириесетгодишен скопјанец е тешко повреден откако со „БМВ“ удрил во бетонски столб. Несреќата се случила ноќта меѓу сабота и недела во 3.30 минути на улицата „1732“ кај Градски парк.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестДизелот поскапува 2 денарa, бензинот…
Следна вестМалолетници повредени со нож во Драчево