На 01.09.2023 во СВР Битола, малолетник од Битола, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, пријавил дека во домот, неговите родители агресивно се однесувале кон него, соопшти полицијата.
Причината била поради тоа што претходно го пријавил својот татко во полициска станица за физички напад и нанесена повреда, се наведува во информацијата.
Малолетникот бил предаден на Центарот за социјални работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.