Малолетник од Скопје крадел во градски автобус

Проведен е малолетник од село Волково поради кражби по градски автобуси, соопшти полицијата.

МВР соопшти дека денеска во 07.00 часот во с.Волково, Скопско, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров лишиле од слобода малолетник од с.Волково.

-Тој се сомничи дека на 10.09.2022 во 23:15 часот во населбата Даме Груев во Скопје, во автобус на ЈСП, заедно со уште две лица со закана со остар предмет од В.Н.(19) од с.Орман одзел ранец со предмети, се наведува во информацијата.

Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Претходна вестСоветничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Антидатирањето на бројчиња во архива е кривично дело
Следна вестБухова разрешена од директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе ја замени Младеновска