Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Антидатирањето на бројчиња во архива е кривично дело

Предупредување дека антидатирање на документи во архиви е кривично дело упати денеска советничката група на ВМРО-ДПМНЕ до скопската градоначалничка Данела Арсовска. Реакцијата доаѓа по соопштението на Арсовска дека испратила понуда до директорите на скопските јавни претпријатија да си дадат оставки или да бидат разрешени поради несоодветно работење.

-Вчера Данела Арсовска на прес конференција ги пофали директорите на јавните претпријатија дека се на ниво на задачата и дека одлично ја извршуваат, а денес лаже кога вели дека ги разрешува поради несоодветно работење, соопшти денеска . Ниту понуда од Арсовска до директорите за доброволно заминување, ниту барање за оставка имало. Ја потсетуваме Арсовска дека антидатирањето бројчиња во архива е кривично дело, а лажењето на јавноста е лицемерие кое скопјани не го заслужуваат. Одлуките на директорите се последица на паниката на Арсовска дека никој не сака да соработува со градоначалничка која очигледно не е способна да донесе резултати кои ги вети, се наведува во ставот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПретепан градоначалникот на Арачиново
Следна вестМалолетник од Скопје крадел во градски автобус