Повторно итна евакуација на гимназијалците од скопски „Корчагин“

Учениците и наставниците од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ пред половина час се повторно евакуирани од училишната зграда. Во текот на денешниот ден  и на втората смена, околу 14 часот, наставниците од оваа гимназија влегувале во училниците и им соопштувале на учениците дека итно треба да ја напуштат училишната зграда. Кога учениците прашале што е причината го добиле одговорот: „Исто како и вчера“.

За потсетување: Евакуацијата се случува по вчерашните анонимни дојави дека во 6 скопски училишта се поставени бомби.

Во моментот учениците се пред училишната зграда, а пристигнаа и полициски екипи.

Претходна вестНови 68 случаи на Ковид-19 и тројца починати
Следна вестНови дојави за бомби: Влезе наставничка и ни рече итно да го напуштиме училиштето