Македонија поразена од Азербејџан

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз (1:3) од Азербејџан на вториот пријателски натпревар овој месец. По ремито со Финска, сите се надеваа дека Македонија со триумф ќе ја заокружи годината, но тоа не се случи.

Нашиот нацинален тим дојде во водство во 25.минута. Елиф Елмас изнуди пенал, а успешен реализатор беше Енис Барди.

Сепак, Азербејџан израмни со голот на Јафаргулиев во 38.минута.

Во 52.минута, Бобан Николов доби втор жолт картон и беше исклучен, а Азербејџан тоа го искористи и направи пресврт со голот на Гурбанли во 65.минута.

Десет минути подоцна и Азербејџан остана со десетмина на теренот откако Хагверди доби црвен картон.

Јани Атанасов и Енис Барди ја погодија гредата од противничкиот гол со шутеви од далечина, но пред крајот Азербејџан постигна трет гол преку Шејдаев во 89.минута и го реши натпреварот.

Претходна вестВучиќ за СП во Катар: Ќе навивам со сето срце за Србија, како што навивав за Македонија на ЕП
Следна вестПочинат мигрант пронајден во транзитниот центар Табановце