Починат мигрант пронајден во транзитниот центар Табановце

Во барака во транзитниот центар Табановце вчера бил пронајден починат М.Б.(28), лице мигрант од Мароко.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребално претпријатие за понатамошна постапка.

Претходна вестМакедонија поразена од Азербејџан
Следна вестСо само еден глас против, Зајкова избрана за нова претседателка на ЛДП