Вучиќ за СП во Катар: Ќе навивам со сето срце за Србија, како што навивав за Македонија на ЕП

Денеска започнува Светското првенство во фудбал. Околу тоа прокоментира и српскиот претседател Александар Вучиќ. Впрочем, Србија има своја репрезенрација на првенството.

-Не знам дали ќе успееме или не, но одиме да победиме, би сакал да се сретнеме со Хрватите во четвртфиналето, тие имаат фантастична репрезентација, стара, искусна, но мислам дека во овој момент ние сме за нијанса подобри! Какво големо дерби би било тоа, страшен натпревар, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој потенцира дека че навива за Србија со целото негово срце.

-Ќе навивам како и сите граѓани на Србија, и ги молам само да се борат … Виктор Орбан страсно навива за Србија, како што би и јас и тие да учествуваа, а ние не … Исто така навивав и за Северна Македонија на Европското првенство, изјави српскиот претседател, додавајќи дека за „Србија ќе навиваат и нашите браќа Унгарци, Македонците, Романците, Бугарите …“, кажа Вучиќ.

Претходна вестЦУК: Опасност од брзо зголемување на водостоите на реките и суводолиците
Следна вестМакедонија поразена од Азербејџан