Нови дојави за подметнати бомби, се евакуираат учениците во „Корчагин“…

Нова дојава за подметната експлозивна направа стасала утринава во скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“. Во тек е евакуацијата на учениците. Се уште не е познато дали дојавите за бомби стасале и во други скопски средни училишта.

Последна дојава за одметнати бомби во училиштата беше испратена завчера. Тогаш на адресите на девет скопски средни училишта биле примени мејлови и по што следеше евакуацијата на учениците и на персоналот. По полициските проверки МВР соопшти дека сите дојави биле лажни.

Првите дојави за подметнати бомби по скопските средни училишта биле добиени по електронска пошта на 26 октомври. По ова, дојавите стасувале и на  27 и 28 октомври, на 2 и 4 ноември при што, во просек, ги добивале од четири до осум училишта. Според првичните сознанија од истрагата дојавите биле испраќани по електронска пошта од Швајцарија, Австрија и американската држава Калифорнија.

Претходна вестЕден загинат и петмина повредени во сообраќајка кај Свети Еразмо
Следна вестОсвен во „Корчагин“ дојави за бомби стасале уште во три други училишта