Освен во „Корчагин“ дојави за бомби стасале уште во три други училишта

Во четири скопски училишта утринава биле примени дојави за поставени бомби.

МВР соопшти дека дојавите се добиени околу 9.30 часот.

-Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса  на  четири училиште во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во информацијата.

„Скопско ехо“ веќе објави дека нова дојава за подметната експлозивна направа стасала утринава во скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ и дека веднаш биле евакуирани учениците и персоналот. Според созананијата, дојавите биле добиени и во училиштата „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“.

Последна дојава за одметнати бомби во училиштата беше испратена завчера. Тогаш на адресите на девет скопски средни училишта биле примени мејлови и по што следеше евакуацијата на учениците и на персоналот. По полициските проверки МВР соопшти дека сите дојави биле лажни.

Првите дојави за подметнати бомби по скопските средни училишта биле добиени по електронска пошта на 26 октомври. По ова, дојавите стасувале и на  27 и 28 октомври, на 2 и 4 ноември при што, во просек, ги добивале од четири до осум училишта. Според првичните сознанија од истрагата дојавите биле испраќани по електронска пошта од Швајцарија, Австрија и американската држава Калифорнија.

Претходна вестНови дојави за подметнати бомби, се евакуираат учениците во „Корчагин“…
Следна вестШто ќе му каже Маричиќ на Брисел за јавните набавки во Македонија?