Тетовската полиција добила пријава од 38 годишен жител на градот кој посочил дека неговото дете е повредено од друг малолетник кој му фрлил запалена петарда и на тој начин го повредил.
Настанот се случил во двор од училиште каде децата играле во текот на вчерашното попладне.
-Вчера во 18 часот, М.А.(38) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот, додека неговиот малолетен син играл во дворот на тетовско основно училиште, друг малолетник му фрлил запалена петарда и му нанел повреди. Малолетникот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, инфомирата од СВР Тетово.
Полицските службеници преземаат мерки за расчистување на случајот.