Малолетник со мотор удрил и тешко повредил жена во Центар

Со тешки телесни повреди се здобила жена во сообраќајна незгода случена вчера во скопската општина Центар, информира полицијата.

МВР информира дека на 03.06.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Водњанска“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, моторцикл „Ктм“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот С.Ј.(60) од Скопј.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј. констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во информацијата.

 

Претходна вестМе радува вистинското пријателство, а ме нервира нехигиената
Следна вестИзмамиле 79-годишна кумановка за сума од 100.000 денари, приведени две лица