Измамиле 79-годишна кумановка за сума од 100.000 денари, приведени две лица

Две лица се приведени под сомнение дека извршиле измама, соопшти полицијата.

Мвр информира дека на 02.06.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Ф.(52) од Куманово, додека на 03.06.2024 на Граничен премин Табановце бил задржан С.Ш.(57) од Штип. Тие се сомничат дека на 01.06.2024 измамиле 79-годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари.

-Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за наводна сообраќајна несреќа во која учествувала, а во која настрадало дете, се наведува во информацијата од полицијата.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Претходна вестМалолетник со мотор удрил и тешко повредил жена во Центар
Следна вестВооружен грабеж на банка во ТЦ „Скопјанка“