Темен режим Режим на светлина

Сончево и топло, попладне ретка појава на пороен дожд

УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со умерена променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните и северните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево и топло со умерена облачност, попладне со услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, во јужните и југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Во Скопје сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Дневните температури ќе се движат од 21 до 35 Целзиусови степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Привремено решение: Место две, ќе работи по една операциона сала, но во две смени

Следна објава
Планирани исклучувања на струја во Центар, Бутел и Карпош

Без струја денеска неколку скопски општини