Малолетник со пиротехнички средства предизвикал пожар во скопска Кисела Вода. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
– Во полициска станица, денеска во присуство на родител, претставник на центарот за социјални работи и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека на 23.01.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, со употреба на пиротехнички средства, предизвикал пожар во куќа сопственост на Б.Т.(70) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, информираат од МВР.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.