Малолетник тешко повреден откако со мопед паднал на булеварот “Теодосиј Гологанов”

Малолетник од Скопје тешко е повреден во сообраќајна незгода вчера околу пладне, информира полицијата.

МВР соопшти дека на 29.03.2024 во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Теодосиј Гологанов“ во Скопје малолетник од Скопје кој управувал мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

-Тој удрил и во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во информацијата.

Претходна вестУтре искачување на врвот Здравец на Скопска Црна Гора
Следна вестНепознати сторители ги искршиле прозорците на манастирот „Свети Атанасиј“ на тетовското Кале