Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во сообраќајна незгода вчера во скопската населба Ново Лисиче, информира полицијата.
Како што соопштија од МВР, вчера во 13.25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во Скопје, патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(39), удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.