Маричиќ: Да го смениме Уставот, а потоа ќе ги решаваме проблемите со корупцијата, со…

Многу критика имаше во вчерашниот извештај од Брисел. Многумина во Македонија коментираат околу тоа и се разочарани од лошата состојба во многу фундаментални обласни во земјава – која ја констатира и ЕУ.

За Извештајот денеска прокоментира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ:

-Би сакал да го прочитате сите Извештајот и да видите каде има збор назадување, јас не видов збор назадување, истакна тој.

Беше прашан и за нотираната злоупотреба на европското знаменце.

-Во однос на европското знаме, знаете секогаш се користи на предлог на Владата и секогаш се користи кога за тоа има услови и кога за тоа има основа, вели Маричиќ.

-Свесни сме за проблемите, не бегаме од нив, додава тој.

Во моментов, според него, најважно е да се донесат уставните измени во Собранието за да може земјата да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ. А во текот на преговорите, според него, ќе се решаваат проблемите со судството и со борбата против корупцијата.

-Ние ги почнавме преговорите, прашањето е дали ќе ги продолжиме и тоа зависи од уставните измени. Ние недостатоците ги ставаме во листата на наши задачи во текот на преговорите, а дали ќе отидеме во наредна фаза зависи само од уставните измени. Во текот на преговорите мораме да работиме на овие теми. Ние никогаш не сме бегале од овие теми. Не постои проблем во овој извештај што не можеме да го решиме во текот на преговорите со ЕУ, но за тоа да го направиме важно е да ја завршиме обврската со уставните измени, рече Маричиќ.

Не е нотирано назадување во Извештајот подвлече тој.

-Комисијата дава објективен пресек на напредокот но и на слабостите. Произлегува важна порака, имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, а не е нотирано назадување. Оценката е добро ниво во 2023 година и е солидна константа веќе неколку години наназад, вели Маричиќ.

Претходна вестОпасниот отпад кај скопски Орман е од оловни акумулатори, најавени крвични пријави
Следна вестСин ја претепал мајка си во Тетово