На Македонија многу често ми се кажува дека е пред историски момент. Те за име да смени, те за…
Сега историскиот моимент бил – да се смени уставот. И тоа упорно се кажува што од странци, што од домашни политичари.
Најново такво укажување има од вицепремиерот за европски прашање Бојан Маричиќ пред почетокот на билатералниот состанок со ЕК по „Поглавјето 31 – Заедничка надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6, со чие затворање Македонија го завршува скрининг процес со Унијата.
– Со ова, секој следен чекор во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија, како и динамиката на преговори, ќе зависи само од нас, од донесување на уставните измени. Се наоѓаме на клучна точка во својата историја која ќе го трансформира македонското општество. Ова е еден историски момент за Македонија, за Западен Балкан и за Европската Унија. Оваа шанса мораме да ја искористиме, порача Маричиќ.
Според него, одложувањето или блокирањето на процесот на преговори и членството на Македонија во ЕУ претставува опасност за нашите реформи и развој.
– Уверен сум дека со мнозинството македонски граѓани кои сакаат да ја видат Република Македонија во Европската Унија во 2030 година заедно ќе успееме. Ајде заедно да ги надминеме пречките и да ја обезбедиме европската иднина за сегашните и идните генерации, истакна вицепремиерот за европски прашања.