Маричиќ пак се сретна со Вархељ, и пак кажаа – треба да се искористи моментот…

Ново патување во странство на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Тој во Брисел остварил важна средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ.

Од она што се соопштува, теми на разговор биле домашните актуелни политички настани, текот на скрининг-процесот…

Маричиќ потенцирал дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешнополитички приоритет и дека се прават сите напори Македонија да остане во процесот на преговори и да напредува со другите држави од регионот.

На средбата бил даден осврт и на новиот план на ЕУ за забрзана интеграција на Западен Балкан, со кој соговорниците биле согласни дека е добра и силна порака за регионот.

Плановите на ЕУ и посветеноста на европската перспектива на Западен Балкан, според Маричиќ, членството во ЕУ го прави за нас дофатливо и реално и дека треба да го искористиме овој позитивен политички момент…

Маричиќ денеска ќе се сретне и со други евробирократи.

Претходна вестВо Кисела Вода започна да се гради првиот мега шаховски парк во Македонија
Следна вестОбвинителството поведе постапка против жената што ја нападна пејачката Елена Ристеска