Марка: Мбапе потпиша за Реал

Францускиот напаѓач Килиан Мбапе потпиша за Реал пред две недели, открива Marca. Францускиот напаѓач на тој начин од 1 јули ќе стане играч на мадридскиот гигант.

Мбапе пристигнува во Реал како слободен играч откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Францускиот шампион се обиде да го задржи, постојано му испраќаше нови понуди, а потоа 25-годишниот Мбапе потпиша за Реал и му порача на ПСЖ дека повеќе не мора да контактира со него за продолжување на договорот.

Марка открива дека Мбапе потпишал петгодишен договор со Реал. Наводно, Мбапе ќе биде најплатениот играч на тимот, но не и најплатен воопшто. Со бонусите и голем дел од парите од маркетиншки права ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона. Во последните две сезони во ПСЖ заработуваше 72 милиони евра по сезона.

Претходна вестОризопроизводителите се подготвуваат за протест ако не им бидат исплатени субвенциите
Следна вестБернштајн, Гершвин и Гулда во изведба на Филхармонијата